Македонија
19. јуни 2018 - 16:51

Судот ги одвои постапките за Грујевски, Бошковски и Јанкуловска во случајот „Таргет-Тврдина“

За наводното масовно прислушување на екс-разузнавачите Горан Грујевски и Никола Бошковски ќе им се суди во одвоена постапка. За нив ќе биде формиран нов предмет Таргет-Тврдина. Судот го прифати барањето на специјалните обвинители и покрај тоа што се уште го нема добиено решението на Врховниот суд од Атина кој пред еден месец одби да ги екстрадира двајцата обвинети. Официјалната пресуда на највисокиот грчки суд ја немаат ниту македонските власти.

Токму поради ова решение, адвокатите побараа и запирање на судска постапка за поранешниот директор на УБК и дел од обвинетите кои беа аболицирани од претседателот Иванов. Се повикаа на праксата на Европскиот суд за човекови права според која, еднаш аболицирани лица не можат повторно да одговараат за истите кривични дела. СЈО пак тврди дека решението за аболиција на Иванов е донесено незаконски. Дали постапката ќе биде запрена судот ќе одлучи на следното рочиште закажано за 31 август.

Посебен предмет Таргет-Тврдина ќе биде формиран и за екс-министерката Гордана Јанкуловска, поради отворено породилно боледување.