Македонија
30. April 2018 - 16:07

Судот без јавност ја гледаше снимката од ПИМ мерките за „Поткуп“ – Заев вели снимката покажува дека е невин

Заев очекува ослободителна пресуда откако пред судот беше емитувана снимката за случајот Поткуп. Со решение од Апелација, јавноста повторно беше исклучена.

Премиерот смета дека оваа снимка  докажува дека случајот бил монтиран а разговорот со струмичкиот бизнисмен Сачавалиев бил објавен со два прекини.

-Се гледаат намерните два прекина заради зла намера да се оцрни моето лице, без да навлегувам на доверливоста да ја разоблича,м  кога се зборува за парите се зборува заз железо за цемент за тули, мене ми е драго дека судот ќе ги има предвид. Предметот треба да финишира. Ми е драго што го разобличивме преку судот овој предмет. И преку испитување на сведокот, преку оваа снимка, ги слуишавме сите тел разговои. Се работи за монтиран случај кој ќе заврши со ослободителна пресуда, изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

Заев тврди дека струмичкиот бизнисмен е агент провокатор, кој го местел со цел да го спречи објавувањето на т.н „бомби“ . Според него, од  видеото се гледа дека се работи за мотивирање за изградба на  црквата.

На следното рочиште закажано за 7 мај, ќе биде сослушан токму Заев кој е обвинет дека како струмички градоначалник барал поткуп од 160 000 евра од струмичкиот бизнисмен за легализација на градежно земјиште. На денешното рочиште одбраната на Заев  се откажа од тројца предложени сведоци.

Претходно како сведок беше сослушан Сачавалиев а беа  преслушани и околу 30 телефонски разговори, смс пораки, а јавноста ниту тогаш не можеше да присуствува.

Премиерот Заев рече дека ако на било кој начин ги добие овие сними ќе ги објави во јавноста.