Судири во Лајпциг, запалени возила, приведени над 200 демонстранти
Паралелно со заострувањето на законодавството за бегалците кои што учествуаат во криминални активности Германија се соочува со протести на крајната десница на кои што се изразува незадоволство по инцидентите во кои настрадаа стотици жени, а неколку биле силувани во неколку германски градови.
За време на вчерашните протести во Лајпциг каде протестираа околу 2.000 приврзаници на Легида (Фракција на ПЕГИДА, Патриотски Европјани за заштита од исламизација на Европа) биле приведени 211 лица кои што се обиделе да предизвикаат насилство во дел од градот каде што локалната власт е во рацете на левичарите.
За време на инцидентите бил запален еден локал во сопственост на Турци. Крајнодесничарските демонстранти скршиле прозорци на десетици продавници, запалиле неколку возила и контејнери и подметнале пожар во една зграда. Во контра-протестите организирани од левичарски организации запален е автобус изнајмен од страна на крајните десничари.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација