Балкан
28. December 2019 - 8:36

Судири на граѓани и полицијата во Никшиќ поради усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед

 Стотина граѓани се собраа синоќа во Никшиќ пред православен храм во знак напротест поради синоќешното усвојување на Законот за слобода на вероисповед во Парламентот.

Притоа се случи судир на граѓаните со полицијата, објави „Вијести“ на својот веб сајт.

Полицијата во судирот употребила палки.

Во близина на храмот Св. Василиј имало голем број полициски возила, и според медиумот, се повеќе луѓе пристигнувале на протестот.