Свет
30. November 2018 - 17:54

Судири меѓу „жолтите елеци“ и полицијата во Брисел

Белгиската полиција денеска се судир со стотици демонстранти облечени во жолти елеци, кои го блокираа центарот на Брисел, протестирајќи поради високите даноци и трошоци за живот.

Како што јавија белгиските медиуми, до инцидентот дошло кога дел од учесниците на протестот почнале да фрлаат со камења и петарди кон полицајците, што го обебзедуваале собирот. На агресивното однесување на дел од демонстрантите, полицијата одговорила со водени топови и солзавец.

Според полициски извори, досега се приведени околу 60 демонстранти, поради „носење забранети предмети“.

Протестите почнаа мирно кога демонстрантите се собраа во близина на седиштето на Владата и Парламентот на Белгија, по што го блокираа го сообраќајот на неколку улици во центарот на Брисел.

Жолтите елеци станаа симбол на незадоволството од високите даноци, откако почнаа да ги носат учесниците на протестите во Франција.

Претсавник на брислеската полицијата соопшти дека белгискиот премиер Шарл Мишел најавил дека е подготвен да разговара со претставници на демонстрантите, но подоцна Владата го негираше тоа.
 
Покрај во Брисел, протест на „жолтите елеци“ се одржа и во близина на Шарлоа, кој се наоѓа 60 километри јужно од белгискиот главен град.