Судири меѓу Слободната сириска армија и курдски милиции јужно од Џараблус
Борци од вооружените групи кои, со помош на турските војници, го зазедоа сирискиот град Џараблус, нападнаа денеска позиции на курдските сили во северниот дел на Сирија, соопшти телевизијата „Ал Арабија", пренесува ТАСС.
Според овој извор, формации од Слободната сириска армија се обидуваат да ги протераат курдските борци од селото Амарна, на 8 километри јужно од Џараблус.
Командата на вооружената сириска опозиција објави план за создавање на „зона за безбедност" на границата меѓу Сирија и Турција, соопшти телевизијата „Ал Џезира".
Се планира зоната да биде долга 70 километри по должината на границата и широка 20 километри. „Ал Џезира" истакнува дека создавањето на зона за безбедност ќе помогне на турската воена операција „Ефратски штит" во реонот на Џараблус.
Ново на Сител
-
Осум уапсени за сквернавење на македонското знаме, ќе има уште многу, најавуваат од МВР
-
Мицкоски: Инцидентите се дел од планот за дестабилизација
-
Мицкоски најавува справување со корупцијата во правосудството од понеделник
-
Мицкоски: Ние веќе немаме што да дадеме
-
Блокирана е сметката на ЈСП
-
„Блек Фрајдеј“: Маркетиншки трик или реални попусти?
-
Патот Охрид - Кичево црна точка во сообраќајот
-
“Скапи” честитки за родители чии деца се невакцинирани согласно календарот