Свет
19. July 2015 - 9:11

Судири меѓу полицијата и учесници на антиимигрантски протест во Мелбурн

Полицијата во австрлискиот град Мелбурн се судри со група националисти, учесници на еден протест против имиграцијата, која станува се почувствително прашање во Австралија.

Немирите почнале кога полицијата се вмешала со цел да спречи судир меѓу активисти против расизмот и група австралиски националисти, кои се собрале на митинг организиран од антиимигрнтската организација „Да си ја повратиме Австралија“.

Во судирите полицијата кристела и солзавец за разбивање на насилните демонстранти.

Полицијата соопшти дека при судирите со националстите привела четворица насилни демонстранти.

Прашањето околу имиграцијата, што го подгреа и самиот австралиски премиер Тони Абот со неговата одлука да забрани влез во земјата на имигранти од Азија, стана едно од најувствтелните теми во австралиската политика.

Многумина Австралијци стравуваат дека локалните мулсимани, како и имигрантите од југоисточна Азија, кои во најголем дел се со исламска религија, би можеле да се радикализираат под влијание на џихадистичката група Исламска државаи и да заминат на боиштата во Ирак и Сирија или да предизвикуваат проблеми во самата Австралија. Ваквите стравувања во последниве месеци ја зголемија поддршката и популарноста на екстремо десничарските групи како „Да си ја повратиме Австралија“ и Обединетиот патриотски фронт. 

Сличен собир со одржа и во градот Аделаида, но тој минал без поголеми инциднети, иако полицијата и таму привела еден демонстрант.

За денеска групата „Да си ја повратиме Австралија“ најави одржување на антиимигрантски протести во повеќе австралиски градови. На еден од собирите во сојузната држава Квинсленд е најавено и обраќање на член на Владата на Абот.