Судири и солзавец во Истанбул за време на првомајските протести
Турската полиција употреби солзавец врз група демонстранти кои денеска се обидоа да се пробијат до плоштадот Таксим во центарот на Истанбул, иако властите забранија одбележување на Меѓународниот ден на трудот.
Повеќе стотци демонстранти се обидоа да се пробијат до Таксим, по што избија судири со полицијата.
Телевизијата Си-Ен-Ен Турк прикажа снимки како полицајци внесуваат неколку уапсени демонстранти во полициски автобус.
Локалните власти се договорија со неколку синдикати прославата на 1 Мај да се одржи на специјално одреден простор во населбата Бакиркој, во близина на истанбулскиот аеродром, а не во ценатрот на градот.
Канцеларијата на градоначалникот на Истанбул соопшти дека „со цел да се гарантира безбедноста на граѓаните“ за првомајскиот празник, на должност во градот ќе бидат 24.500 припадници на турските безбедносни сили.
Метро станицата на главниот плоштад Таксим ќе биде целосно затворена, а долж улиците се поставени метални огради, а распоредени се и десетици полицајци во опрема за разбивање на протести.
Плоштадот Таксим е место на судири за време на Меѓународниот ден на трудот откако на 1 мај 1977 година беа убиени 36 луѓе, а 130 повредени, во време кога модерна Турција минуваше низ еден од своите најтурбулентни периоди. гт/13:00
Ново на Сител
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски очекува од Советот на јавни обвинители при одлучување за Коцевски да го слушнат гласот на граѓаните