Македонија
18. November 2015 - 15:06

Судир на пет возила во Аеродром, две лица повредени

Двајца возачи се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале пет возила во скопски Аеродром.

Несреќата се случила на раскрсницата со булеварите „Трета македонска бригада“ и „Србија“, а во истата учествувале три патнички и две товарни возила, од кои четири со скопски и едно со струшки регистерски ознаки.

soob-nesreka2

Според првичните информации повредени во сообраќајката се возачите на „Рено Меган“ и „Опел Вектра“ кои се пренесени во Ургентен центар, но засега нема детали за нивната здравствена состојба.

soob-nesreka1

Полициски екипи се на терен и во тек е увидот.