Свет
10. December 2017 - 12:17

Судир меѓу полицијата и демонстрантите во Либан

Либанските безбедносни сили употребија солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите, кои протестираа пред американската амбасада во Бејрут против одлуката Ерусалим да биде признат за претстолнина на Израел.

Учесниците во протестот носеа палестински знамиња, и фрлаа камења и други предмети врз припадниците на безбедносните сили, кои поставија барикади на улицата кон американската амбасада во Бејрут.