Македонија
26. May 2019 - 11:29

Судир меѓу мотоцикл и автомобил, маж итно пренесен во болница

Маж се здобил со тешки телесни повреди откако со мотоцикл удрил во автомобил во Прилеп, информира МВР. Вчера во 16:35 часот било пријавено дека во Прилеп на улицата „Иво Лова Рибар“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со прилепски регистарски ознаки управувано од 23-годишниот Љ.Н. од село Десово-Долнени и мотоцикл „Кавасаки-500“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 51-годишниот С.З.од Прилеп.

Возачот на моторциклот бил пренесен во Градската Болница-Прилеп каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.