Балкан
11. March 2018 - 21:02

Судир меѓу курдски демонстранти и полицијата на аеродромот во Дизелдорф

На аеродромот во Дизелдорф денеска дојде до судир меѓу курдските демонстранти и полицијата.

Курдските демонстранти протестираа против турската офанзива во сириската енклава Африн. Собирот претходно не бил пријавен.

Како што пренесуваат германските медиуми, полицијата употребила бибер спреј за да ги растера демонстрантите.