Балкан
16. November 2016 - 12:31

Судир меѓу „форд“ и “ауди“ - Двајцата возачи на Ургентен

Утринава околу 7 часот на магистралниот пат Ниш-Димитровград во Србија, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица и се уништени два автомобили.

Полицијата во Ниш ја потврди сообраќајката во која учествувале патнички авомобили ауди со бугарски регистрации и форд со нишки регистрации. При судирот повредени се двајцата возачи.

Повредените со Брза помош веднаш се пренесени во Ургентниот центар во Ниш.

Се испитуваат причините за несреќата.