Loading Video...
Фудбал
6. October 2018 - 18:05

Судијата Јакимовски во главна улога на дуелот во Струмица

 
 
Дуелот во Струмица меѓу Беласица и Силекс заврши без победник 1-1, но и овојпат како и многупати до сега во главна улога таканаречениот делител на правда. 
 
Офанзивната игра и бројните шанси кои ги создадоа кратовци беа крунисани со голот на Бобан Георгиев  во 62.минута, а расположениот домашен голман Вујанац во неколку наврати не им дозволи на гостите да постигнат и втор гол. 
 
Но, затоа пак шанса за израмнување им даде главниот судија Дејан Јакимовски кој на чудење на сите во 81-минута досуди најстрога казна за Беласица која во гол ја претвори Балдовалиев. 
 
Реакциите од таборот на Силекс и горчината на ваквите неправди кои во континуитет им се случуваат сезонава, се сосема разбирливи, па од таборот на кратовци прашуваат „на кому во ФФМ му пречи Силекс“. 
 
И не е прв пат, вакви реакции да доаѓаат од Силекс, особено кога во прашање е арбитражата на Јакимовски, кој веќе подолго време е секогаш „прв играч“ на противникот кога му е доделена улогата на судија на мечевите на Силекс. 
 
Симптоматично е и покрај сите укажувања од таборот на Силекс, за неправдите кој патем овој судија е со знакот на ФИФА, континуирано ги прави, никој од надлежните пред се судиската организација да превеземе мерки. 
 
Во Силекс, се прашуваат, до кога и уште колку Јакимовски ќе одработува за туѓи интереси и има ли крај на неговите кражби,кога во прашање се настапите на овој клуб.