Македонија
15. July 2019 - 16:21

Судиите и обвинителите ќе се спасат од Ветинг

Судиите и Обвинителите ќе се спасат од ветинг.. Премиерот Заев вели дека процесот засега не може да се спроведе бидејќи недостасуваат овие кадри.Според систематизација, во државата се предвидени 750 судиски места а моментално се пополнети 520, вели Заев.

„Ако процесот прочисти уште 300, на две години се продуцираат  по 19 судии и обвинители. Немате начин како да ги пополните. Пример, ако кажеме дека 200 не ги исполнуваат условите, ќе остане државатра со 320 судии од 750 проектирани како потреба, тогаш ќе навлеземе во други видови на проблеми“, вели Зоран Заев, Претседател на Влада.

Недостигот од судии и обвинители, премиерот Заев најави дека ќе се пополнува со скратување на патот до тие функции.

„Разговараме со ЕУ за “брза трака“ на сите над 5 годни. Стручни соработници, адвокати над 5 години искуство, универзитетски професори, со два-три месеци академија да можат да го полагаат испитот – тука е отворена темата“, вели Заев.

Засега, процесот на прочистување на кадрите е предвидено да се спроведе во Министерството за внатрешни работи.