Македонија
22. January 2020 - 16:52

Судиите гласаа за нов член на Судскиот совет - од двајца кандидати едниот се откажа

Судијата Артан Лимани од скопскиот граѓански суд се откажа од трката за место во Судскиот совет. Во понедленикот ја повлекол својата кандидатура но неговото име денеска сепак беше на избирачкото ливче на гласачките места во судовите. Од Судскиот совет велат дека по утврдување на кандидатската листа, Лимани не смеел да ја повлече кандидатурата.. Ако победи на изборите ќе биде член на советот.

„За нас официјално тој ќе биде член на Судски совет, освен ако не си поднесе оставка па да ја повториме постапката што е навистина тешко, ќе треба целата постапка да се повтори“, вели Киро Здравев, Претседател на Судски совет.

Во телефонски разговор за Сител, судијата Лимани не сакаше да говори зошто ја повлекол кандидатурата..Не одоговори ниту дали ќе го прифати местото во Судскиот совет ако победи на денешните избори. Освен Лимани во трка за испразнетото место во Судскиот совет е и судијата Ханиф Зендели од Апелациониот суд во Гостивар.

И покрај повлечената кандидатура на Лимани, во судот каде тој работи денеска се одржуваше гласање за избор на член во Судскиот совет.

Инаку комисијата за спроведување на изборите повеќе не е дел од Судскиот совет. Сега изборот го спроведуваат судии и претставници од невладиниот сектор.