Македонија
16. April 2019 - 11:10

Судењето за „Талир“ на СЈО повторно се одложи

Судењето за предметот „Талир“ на СЈО во кои обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски како и Илија Димовски и Леко Ристовски обвинети само за делото перење пари е одложено за идниот месец.

Овинетите се товарат дека не законски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале парите да бидат уплатени на жиросметката на партијата преку уплатници на различни луѓе.

Причина за одложувањето е неприсуството на преставници од партијата ВМРО ДПМНЕ која е опфатена во истото дело како правен субјект. Следното рочиште е закажано за 16 мај.

 

Бранислав Јанески