Судењето за нападот врз Села ќе продолжи на годишнината од случувањата во Собранието
Видео снимки и фотографии од случувањата на 27 април, ќе се гледаат на денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села во Кривичниот суд, точно една година по случувањата во Собранието на Република Македонија.
На минатото рочиште Обвинителството побара повлекување на некои слики и снимки од листата на предложени докази поради нивно повторување по содржина со други докази и предложи интервали кои би се гледале, со цел економичност на судскиот процес. Во однос на повлекувањето, одбраната ќе може пред почетокот на денешното рочиште да побара зголемување на интервалите или целосно пуштање на некои од снимките.
Адвокатот на Зијадин Села кажа дека тој се наоѓа во САД и целата медицинска документација оттаму ја имаат побарано за испитувањата кои треба да ги прави. - Рентген снимките се со него и тој не е во Македонија. Го известувам Судот дека нема да може да ги врати до следното рочиште, кажа адвокатот.
Одбраната даде согласност со оглед дека нема дополнителна документација, медицинската документација да не се чита одделно и само да се заведе во записник.
За обидот за убиство на Зијадин Села на 27 април минатата година обвинети се Кире и Цејо Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Сенков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра. Обвинетите за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села на претходите рочишта се изјаснија за невини.
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела