Судењето за „Монструм“ продолжува на 1 јули
На 1 јули ќе продолжи рочиштето за предметот „Монструм” на Специјалното јавно обвинителство за петкратното убиство кај Смилковското езеро. Судењето беше одложено поради необезбедено присуство на двајцата сведоци кои денеска требаше да дадат исказ. За сведоците Драги Ивановски и Диме Весков побарано е полициско приведување.
За време на судењето судијата Осман Шабани телефонски побара информација од полициските станици Бутел и Гази Баба зошто не се донесени да сведочат при што доби одговор дека Драги Ивановски бил недостапен, куќата која била наведена за неговата адреса била продадена.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.
По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Ново на Сител
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер
-
Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно
-
Продолжуваат кампањите за претседателските и парламентарните избори
-
Протест на вработените во културните институции поради неисплаќање на мартовската плата