Македонија
3. December 2017 - 16:04

Судењето за „Монструм“ ќе стартува по Нова година- одбраната очекува ослободителни пресуди

Судскиот процес за случајот “Монструм” ќе стартува одново на почетокот од јануари.

При оваа постапка ќе има само обвинителен акт бидејќи пресудите се укинати.

Одбраната на обвинетите сеуште нема информации кој судија и обвинител ќе постапува во предметот, но смета дека овојпат Советот ќе биде распореден по пат на АКМИС-системот.

Тој е убеден дека лицата пуштени на слобода секогаш ќе бидат достапни за законот. Во однос на резултатот од новата постапка, Рауфи очекува ослободителна пресуда и детектирање на вистинските сторители на грозоморниот чин.

Врховниот суд пред два дена донесе одлука со која четврорица од обвинетите во случајот “Монструм”, по пет ипол години поминати во затвор, беа пуштени на слобода. Нив им беа определени мерки на претпазливост, со кои имаат забрана за напуштање на живеалиште и редовно јавување пред Основниот суд Скопје I, два пати неделно.

На слобода веќе подолг период се и останатите двајца кои се осомничени дека се диретни сторители на делото во случајот “Монструм”.

Тие се на слобода откако ја одлежаа казната затвор во Косово, за нелегална трговија со оружје.

Шестмината беа осудени на доживотна казна затвор за убиството на пет лица во 2012 година, во близина на Смилковското езеро.