Судењето за хеликоптерската несреќа кај Струмица треба да почне во септември
Судењето за хеликоптерската несреќа, што се случи на денешен ден околу 22 часот кај Струмица, во Индустриската зона „Север“, ќе почне на почетокот на септември во Основниот суд во Струмица, информираше портпаролката на Основниот суд во Струмица, судијката Цона Каламерникова.
Во несреќата при уривањето на полицискиот хеликоптер загинаа четворица пилоти на Министерството за внатрешни работи, Драган Мицев, Марјан Трајкoвиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички.
Пет години по несреќата, истрагата заврши со поднесување обвинение од ОЈО Струмица против едно правно лице и директор и одговорно лице. Во април годинава до Основниот суд во Струмица е поднесен обвинителниот акт од ОЈО Струмица, а Советот за оценка на обвиненија на 28 мај го одобри обвинението.
Во хеликоптерот произведен во 2008 година, на 10 јули 2014 година пилотите биле на ноќен лет на релација Скопје-Велес-Неготино-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и назад и била користена опрема за ноќно летање.
Во моментот на урнувањето на хеликоптерот од типот Ми-17, со регистарски ознаки МАР 7712, удрил во антенски столб на Македонската радиодифузија, а четворицата пилоти починале веднаш.
Во близина на местото каде се урна хеликоптерот има неколку фабрики, а на сто метри има и бензинска пумпа, но за среќа не се случи поголема трагедија.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација