Балкан
20. April 2018 - 22:23

Судењето на лажниот полицаец откри: Повеќе пати претресувал граѓанин и барал да му се соблече гол

Бојан Маркуш (27) кој е обвинет дека лажно се претставувал како полицаец и така ги претресувал граѓаните, во Обвинителството предаде предлог за договорно признание на вината по повод ова дело, а во предметот како оштетен се води Ернад Ќатовиќ.

Неговиот адвокат Дамир Лекиќ поради тоа побара одлагање на денешното судење. Да потсетиме, против Маркуш се води и друга постапка поради лажно претставување како службено лице.

Во овој предмет, Маркуш се товари дека на 10. јануари околу 20.30 часот на местото Скалине во Подгорица, лажно му се претставил на Чатовиќ како полицаец и го претресувал.

Како што натаму се наведува во обвиненеито, потоа тој од оштетениот побарал да ги извади сите свои работи, што тој и го направил. Потоа Маркуш наводно му соопштил дека мора да го спроведе во Центарот за бебзбедност во Подгорица.

Ќатовиќ во изјава пред обвинител претходно рекол дека таа ноќ му пришол Маркуш и кај себе имал значка, пиштол и моторола. Додал дека постапил по неговото барање за претрес и се спуштиле по скалите кај Скалине.

Потоа, како што навел Ќатовиќ, обвинетиот од него барал да се соблече гол, а тој одбил, поради што Маркуш го удрил во лице.

-Исто така ми рече да појдам со него во ЦБ, на што се согласив. Тој ја извади моторолата, почна да се врти околу мене, како да разговара со некој. Меќутоа, потоа си замина, а јас повикав полиција и го пријавив настанот, рече Ќатовиќ.

Тој претходно рече дека Маркуш повеќе пати му приоѓал и му се претставувал како полицаец, но не реагирал зошто мислел дека навистина е службеник во полиција зошто му покажал легитимација.

-Тоа се случуваше 7 апти, во периодот од мај 2017 до јануари оваа година. Таа ноќ му побарав да ми ја покаже легитимацијата, а тој одби наведувајќи дека се познаваме од претходно и дека нема што да ми се претставува, рече оштетениот.