Македонија
11. January 2020 - 16:35

Судење за „ТНТ“ во понеделник ќе има - Судот го заменил адвокатот Страшевски

Наместо одбраниот адвокат, обвинет во случајот ТНТ ќе го застапува бранителот по службена должност.. Адвокатот Јовица Страшевски кој најави дека користи годишен одмор вели дека иако не добил покана за судењето, претседателот на кривичниот суд Иван Џолев побарал на рочиштето во понеделник да дојде бранителот по службена должност..

„И покрај тоа што се уште немам добиено покано која се знае како се доставува на бранител за закажано ново рочиште, а и Тони Трајковски на кој сум бранител ми го нема откажано полномошното како негов бранител, Вие по не знам кој пат го кршите законот  и сте назначиле не знам по кој закон и по кој  член бранител во постапката по службена должност. Ова е преседан во судството“, изјави Јовица Страшевски, Адвокат..

Од кривичен потврдуваат дека на судењето ќе присуствува адвокат по службена должност за Трајковски.. Објаснуваат дека тој претходно бил ангажиран како бранител на обвинетиот..

Во меѓувреме одбраната обвини за двојни аршини на судската власт.. Го посочи случајот со поротничките со завршен мандат, каде едната заминува дома а за другата бара да остане на функцијата..

„Претседателот на судот поради истек на четири годишниот мандат утврдил дека Славица Шандовска повеќе не е дел од судечкиот совет во предметот „Ласкарци“, додека за поротничката во ТНТ, пробува да изнајде незаконски изговори за истата и понатаму биде член на судечкиот совет “, пишува адвокатот Мерџан Даути.

Судот и одбраната цела недела водат битка дали треба да продолжи судењето за ТНТ со поротник чиј мандат е истечен лани.. Додека одбраната тврди дека тоа е незаконски, судот закажа секојдневни судења до 27 јануари – За кога судскиот совет најави дека ќе одлучува за мандатот на поротничката.