Македонија
22. May 2018 - 16:22

Судење за „Титаник 2“ - во јули ќе се слушаат прислушувани разговори

Две аудио снимки од прислушуваните разговори ќе бидат презентирани во доказната постапка за случајот Титаник 2. Бранителот на обвинетите Мендух Тачи лидер на ДПА  и на поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими во воведното излагање рече дека ќе докаже дека Тачи не го поттикнувал Ибраими да гласа по приговори на ВМРО ДПМНЕ. Тврди дека изборите не се повторени ниту пак е направена материјална штета каква што СЈО наведува во обвинителниот акт и тоа ќе го поткрепи со докази.  Обвинетиот Ибраими вели дека  СЈО со невистинити докази успева да направи правна конструкција и според него се ирелевантни сите тгелефонски и кафеански разговори бидејќи одлуката како член на комисијата ја донес согласно законот.

Адвокатот на Влатко Сајковски пак вели дека  не постои логичен редослед на настаните и  ќе докаже дека  неговиот клиент е  обвинет за некакво гласање кое му е законска должност. Истото го потенцирање и одбраната на Сашо Срцев, а адвокатот Дангов повторно потенцираше пред судот  дека аудио снимката која е предлжена за доказ е прибавена незаконито од страна на СЈО и не можело да ја користат за прибавување на други докази. 

Овој суд нема право да ја оценува одлуката на ДИК дали е добра или лоша смета адвокатот на обвинетата Анета Стефановска и наведе дека согласно  законот тоа може да го прави само Управниот суд. Следното рочиште е закажано за 6 јули.