Македонија
6. јуни 2018 - 16:33

Судење за „Шамарите во Центар“

Две советнички од редовите на СДСМ денеска во судница тврдеа дека протестите пред општина Центар во 2013 година биле координирани од ВМРО-ДПМНЕ. Ваквиот исказ го потрепија со тврдење дека нивните колеги пред и за време на протестите комуницирале со мобилните телефони. Присетувајќи се на протестите од пред точно 5 години, советничките пред судот рекоа дека демонстрантите пред нив ги покажувале гениталиите, употребувала погрдни и навредливи зборови и предмети со кои ја демолирале бараката во која се одржувала општинската седница, се со цел да ги спречат измените на 4 детални урбанистички планови.    

Одбраната побара судот да ги отфли ваквите наводи, бидејќи се работи за партиски членови на СДСМ кои целиот свој исказ пред судот го темелат на претпоставки.

Двете советнички од редовите на СДСМ денеска во судница препознаа дел од обвинетите за кои тврдат дека на 7 и 10 јуни 2013 година биле дел од протестите во дворот на општина Центар.

Советничките сведочеа по предлог на Специјалното обвинителство, но со нив во судница се соочија и обвинетите Рангелова и Трајковски, кои тврдеа дека демонстраните не повредиле ниту еден советник, а без никакви последици помеѓу толпата прес-конференција одржал и претседавачот со седницата Мирослав Шиповиќ.   

Меѓу обвинетите се и екс-премиерот Никола Груевски и порнешниот министер за транспорт Миле Јанакиевски. Судењето за овој предмет ќе продолжи на 22 јуни.