Македонија
17. February 2017 - 15:13

Судење за Диво Насеље: Сами Укшини сведочеше дека му бил вршен притисок да дејствува за спроведување на Охридскиот договор

– Судскиот процес за случајот „Дива населба“ денеска продолжи со сведочење на обвинетите за тероризам.

Сами Укшини, кој е еден од обвинетите во овој случај, изјави дека не се чувствува виновен, бидејќи не командувал со групата. Додаде дека бил еден од организаторите на конфликтот од 2001-та година, а во 2015-та година му бил вршен притисок од групата од Куманово да дејствува за спроведување на Охридскиот договор.

На 9 и на 10 мај 2015 година во кумановската Дива населба вооружена група се судри со безбедносните сили. Во престрелката загинаа осум полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека четириесетина беа тешко повредени. Убиени беа и десет лица од вооружената група.