Македонија
18. September 2020 - 15:00

Судар на таксист и автомобил марка Мерцедес го блокираа сообраќајот кај Железничка

Сообраќајна несреќа го блокира влезот и излезот од Аеродром, кај Железичка станица.

За поминување низ овој дел возачите чекаат и до 20тина минути, редици колони возила има до Скопјанка и до мостот Мајка Тереза.

На фотографиите се гледа дека од сударот на автомобилите паднат е и еден семафор на самата коловозната лента.

Нема детали за повредени, но возило на брза помош беше на место на несреќата. 

 

Марјан Николовски