Македонија
25. November 2015 - 16:19

Судар на приватен со автобус на ЈСП во Скопје - 10-мина патници повредени

Десет патници се повредени во  тешка сообраќајна несреќа на два автобуси која утрово се случи во Аеродром.

Градски автобус со број 3 во возење удрил во приватната 23ка веднаш по автобуската постојка на потегот кај ТЦ 3 Бисери. Со 4 возила на итната помош патниците веднаш се пренесени во ургентниот центар на Наум Охридски и во старата градска болница.

Лекарите за Сител велат во градската болница биле примени 6 лица меѓу кои еден од возачите. Тој се здобил со повреди на главата но е надвор од животна опасност.

Во Градска е хоспитализирана патничка на 37 годишна возраст со повреди на главата,останатите биле пуштени на домашно лекување. Од Ургентниот центар информираат дека кај нив биле донесени 4ца, двајца од нив биле со повреди на градниот кош и главата и се задржани на лекување.

Со посериозни повреди завршила една патничка и таа е задржана на Карил а 7 годишно момче со повреди на главата е префрлено на клиниката за неврохирургија. Полицијата неколку часа вршеше увид кој покажа дека автобусот на ЈСП удрил во движење во 23.

Сеуште не се знае со колкава брзина се движел градскиот превозник кој му задал два последователни удари на приватниот автобус. Дали биле технички исправни ќе треба да утврди службата по извршениот вондреден преглед. Неофицијално возачот на ЈСП не бил свесен и не се сеќава како бил предизвикан ударот.  ОД ЈСП тврдат автобусите се секојдневно одржувани и сервисирани.Возачот на 3ката бил прва смена и претходно не се пожалил на лоша здравствена состојба.

Резултатите од увидот треба да покажат дали можеби станува збор за несреќа поради  ривалство меѓу возачите на приватните и градски возачи на автобуси ..