Македонија
19. July 2019 - 10:39

Судар на две возила во Кавадарци, еден возач тешко повреден

Вчера околу 16.00 часот на ул.„Шишка“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел корса“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.М.(60) од Кавадарци и патничко возило „Фолксваген Голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Г.(61) од Кавадарци.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Опел корса“, З.М. кој бил пренесен во болницата во Кавадарци.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.