Македонија
17. October 2018 - 9:52

Судар на две возила кај Радовиш, едно лице со тешки повреди пренесено во Скопје

Вчера околу 14,10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Радовиш-Подареш во близина на с.Ораовица се случила сообраќајна незгода меѓу патничко моторно возило „Голф 3“ со радовишки регистерски таблици управувано од А.М. (20) од Радовиш и патничко моторно возило „Митсибуши“ со бугарски национални ознаки управувано од Е.Д.(57) од Радовиш.

А.М. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот.