Македонија
14. July 2019 - 11:15

Судар на две возила кај Галичник, еден возач тешко повреден

Вчера околу 14,30 часот на регионалниот пат с.Маврово-с.Галичник се случила сообраќајна незгода помеѓу патнично моторно возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.Б (38) од Скопје, и патничко моторно возило „Дачија логан“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ф (57) од Скопје.

В.Ф се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен е во болницата во Гостивар.

Увид извршила увидна екипа на ПС-Гостивар.