Македонија
8. December 2019 - 11:41

Судар на два голфа кај Петрово чешмиче, 8 повредени згрижени во велешката болница

Вчера околу 18.50 часот на регионалниот пат Велес - с.Мамутчево, на место викано „Петрово чешмиче“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од В.Ш.(23) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(39) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „поло“, И.Д., додека двајцата возачи и сопатниците од двете возила, Р.Ш., Е.А., Е.М., Б.М. и М.Г. се здобиле со телесни повреди.

Тие биле пренесени во болницата во Велес за укажување на лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.