Македонија
21. April 2018 - 14:40

Судар на автомобил и мопед во Штип, мотоциклистот тешко повреден

Вчера во 07,10 часот во Штип, на крстосница со кружен тек на улица „Сутјеска“ со улица „Сремски Фронт“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Фоксваген Голф“ со штипски регистарски ознаки  правувано од Ј.М.(48) од село Радање-О.Карбинци и мопед „Скутер Јонвеј YY-50“ исто така со штипски ознаки управувано од М.Т.(64) од село Долани, штипско.

Во незгодата М.Т. се здобил со тешки телесни повреди, по што е пренесен во Клиничка болница Штип каде е задржан на понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот.