Македонија
16. September 2016 - 11:38

Судар кај Пласница: Тракторист удрил во возило и побегнал од местото на несреќата

Вчера во 19,20 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Кичево, во близина на с.Пласница, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Корса“, управувано од Н.А. (1996) од с.Пласница, и трактор со приколка управуван од непознато лице, кое по незгодата го напуштило лице местото.

Во незгодата Н.А. се здобил со тешка телесна повреда, фрактура на ребра и на десна подколеница, по што е пренесен во ЈЗУ-Кичево, од каде поради сериозноста на повредите е префрлен во УЦ-Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од ПС-Македонски Брод.