Суд во Боливија му забрани на Моралес да се кандидира на изборите за Сенато
Боливиски суд ја отфрли кандидатурата на поранешниот претседател на државата Ево Моралес за претстојните избори во Сенатот затоа што тој не живее во земјата. Тој таквиот потег го нарече „удар врз демократијата“.
Претседателот на Врховниот трибунал во Боливија, Салвадор Ромеро, рече дека одлуката не може да биде обжалена, но додаде дека Моралес „може да се обиде (да ја смени пресудата) со кој било судски процес што тој смета дека е соодветен“.
Лидерите на партијата на Моралес Движење за социјализам се очекува да поднесат жалба до Уставниот суд.
Моралес, кој поднесе оставка во ноември и ја напушти земјата по масовните протести, му е забрането да се кандидира за претседател, но сакаше да се кандидира за место во Сенатот.
„Ова е удар врз демократијата. Членовите на Врховниот трибунал за избори знаат дека исполнувам услови да бидам кандидат“, објави на Твитер Моралес од Аргентина каде доби азил.
Ново на Сител
-
Д-р Беќаровски заминува од Клиниката за токсикологија
-
ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи
-
Зголемен водостојот на Охридското и на Преспанското Езеро
-
Интер по 20 пат шампион на Италија
-
Три години затвор за германски навивач поради фрлање петарда
-
ЦУК со апел за внимателност поради најавените метеоролошки промени
-
Во Грција уапсени 67 лица за спортско насилство и убиство на полицаец
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата