Македонија
5. јуни 2019 - 16:13

Суд: Пасошот на Камчев му е вратен поради едукација и учество на конференции

Орце Камчев во Келн на финалето од ракометната лига на шампиони патувал со легална патна исправа, која ја добил по одобрение на кривичниот суд.

Од Судот денеска потврдија дека на камчев осомничен во истрагата на СЈО „Империја“, му е вратен пасошот заради неодложни службени патувања кои ги има како член на управен одбор и задолжителна едукација, откако тоа тој го побарал. Иако барал пасош на 8 месеци, од судот дибил дозвола за шест.

Осомничениот, преку своите бранители, до судија на претходна постапка има поднесено барање за издавање на патна исправа со ограничен рок од 8 месеци важност, а заради неодложни службени патувања кои ги има како член на управен одбор и задолжителна едукација, за што доставил и докази во прилог на барањето. Со оглед на добиеното позитивно мислење, судот во текот на минатиот месец, со писмо го извести Министерството за внатрешни работи дека дава согласност да се издаде патна исправа со ограничен рок, но со важност од 6 месеци, заклучно со последната служена обврска на осомничениот, велат од кривичниот суд.

Судот ваквата одлука ја донел откако претходно добил и позитивна одлука од Специјалното јавно обвинителство. Јанева вели дека за давање позитивно мислење немало никакви пречки.

Орце Камчев е само еден од неколкуте осомничени во случајот Империја, во кој СЈО го терети за злосторничко здружување, измама и перење пари.