Бизнис
6. August 2016 - 16:31

Субвенциите ги мотивираат издавачите на сместувачки капацитети во Охрид

Огромен е бројот на приватните станоиздавачи кои поднеле барaње за субвеционирање на туристичката такса.Веќе трета година по ред општина Охрид ги стимулира да аплицираат за субвенции од 50 проценти од уплатениот износ на таксата . Оваа мерка е донесена  во насока да се избегне  прикривањето  на остварените  ноќевања на домашните и странски туристи во помалите сметсувачки капацитети и да се зголеми наплатата.

Од Лер велат дека на овој начин ќе се сузбие сивата економија и ќе се стави ред во во овој дел од понудата на главниот туристички центар.

Инаку во  Охрид се регистрирани 2200 приватни станоиздавачи со 13 илјади легла  за туристите од мал обем.