Бизнис
22. јуни 2018 - 19:55

Субвенции за станоиздавачите во Охрид

Станоиздавачите од Охрид кои инвестираат во уредувањето на своите објекти ќе добијат субвенции

Прво реновирање и инвестирање во своите објекти а потоа субвенции за станоиздавачите од Охрид. Тие  најнапред ќе треба да приложат документи дека вршат подобрување на капацитетите за потоа 80 посто од уплатената туристичка такса да   им биде вратена.На ваквата мерка на локалната реагираа советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ тие велат дека таа е на штета на станоиздавачите од мал обем кои едвај остваруваат приход за да ги покријат основните трошоци а за нив нема субвенции.

Градоначалникот Стојаноски вели дека на овој начин ќе се подигне квалитетот на вилите и апартманите во главниот туристички центар а целта е што повеќе да се стимулираат приватните станоиздавачи да уплаќаат туристичка такса.

Инаку општината за оваа година од буџетотот за субвенционирање на станоиздавачите има одвоено  800 илјади денари.Според податоците во Охрид се регистрирани 3300 приватни станоиздавачи .