Субвенции за млади за купување музички инструменти, ќе се гради ново училиште во Љубош
На предлог на Министерството за образование и наука, Владата на денешната 64.седница го прифати Предлог-закон за поддршка на млади при купување на музички инструменти.
Како што соопштија од владината прес-служба, законот предвидува Министерството да врши поврат на дел од исплатените средства за купен музички инструмент во висина од 75 отсто од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни ученици запишани во државните средни училишта во кои се остваруваат планови и програми за музичка уметност и во висина од 75 отсто од исплатените средства, но не повеќе од 100.000 денари по инструмент, за купени 25 музички инструменти од страна на редовни студенти запишани на државните високообразовни установи каде се остваруваат студиски програми од областа на музиката.
Министерството за образование, се додава, на денешната седница доби и одобрение за отпочнување постапки за јавна набавка за склучување на повеќегодишни договори за изградба и надзор над изградба на ново училиште во место викано Љубош во општина Студеничани.
Ново на Сител
-
14-годишни деца ги испраќале лажните дојави за бомби во училиштата, МВР со детали
-
Наредено уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато месо
-
Собраниската Комисија за здравство ќе одлучува дали да одржи надзорна расправа за аерозагадувањето
-
Зеленски инсистира на безбедносни гаранции од Западот со цел да ја одврати Русија
-
Додик: Подготвени сме на разговор со сите, но не и да не игнорираат
-
Северна Кореја распореди дополнителни трупи во Русија
-
Претежно облачно со магливо утро по котлините
-
Делови од Долно Лисиче и Бардовци денеска без струја