Бизнис
25. July 2016 - 19:49

Субвенции во плати за вработување на лица од различни социјално ранливи категории

На огласот распишан преку Агенцијата за вработување се нудат субвенции за плати за 7 категории на невработени лица, како што се корисници на социјална помош, полнотелни лица кои биле деца без родители, жртви на семејно насилство, лица од семејства со ниски приходи, како и 29 години чијшто месечен семеен приход по член на семејство во претходната година е понизок од 50% од последната просечна нето плата.

Субвенцијата се исплаќа во два износи – бруто месечна плата од 15 000 денари по вработено лице во тек на шест месеци за лицата кои немаат квалификации и бруто плата од 17 000 за лица со повисок степен на образование или покомплексни работни места.

Во текот на 6 месеци на работодавачот ќе му се исплаќаат и по дополнителни 5 000 денари по вработено лице преку оваа програма.

Работодавачот нема да смее на вработените да им исплаќа плати пониски од добиената субвенција во периодот од 6 месеци, и ќе има обврска ангажираниот работник по овие 6 месеци субвенционирано вработување да го задржи на работа уште најмалку дополнителни 6 месеци, при што, како што велат од владата, намерата е работникот доволно да се остручи за да биде задржан на работното место и подолг период.