Фудбал
17. December 2015 - 13:21

Суарез со хет-трик ја однесе Барселона во финалето

Екипата на Барселона се пласира во финалето на Светското клупско првенство што се игра во Јапонија. На стадионот во Јокохама Барселона (европски првак) го совлада азискиот шампион Гуангжу (Кина) со 3:0. Стрелец на трите гола беше Луси Суарез во 39.минута, 50 и 67 од пенал.

Финалето ќе се игра во недела на 20.декември, а Барселона за ривал го има шампионот на Јужна Америка Ривер Плата, која вчера во првото полуфинале ја победи екипата на Хирошима со 1:0.
Пред финалето ќе се одигра и дуелот за 3.место меѓу Хирошима и Гуангжу.