Фудбал
8. December 2016 - 16:22

Суарез останува во Барселона до 2022 година

 

 Фудбалерот на Барселона, Луис Суарез ќе го продолжи договорот со шпанскиот шампион до 2022 година, потврди денеска претседателот Жозеп Мариа Бертомеу.

- Се согласивме за нова соработка со Суарез. Се е завршено, преостанаа само мали детали, но за неколку дена и официјално ќе го објавиме новиот договор, истакна Бартомеу.

Тој додаде дека сакал подолг договор со Уругваецот, иако за пет години Суарез ќе има 35 години.

Членот на „убиственото“ трио од нападот на Барселона, за две и пол години има постигнато 65 голови, освоено по две титули во Пример и Кралскиот куп и еден трофеј во Лигата на шампионите.

Претходно Суарез настапуваше за Ливерпул, Ајакс, Горнинген и Насионал.