Фудбал
23. May 2016 - 15:26

Суарез неизвесен за Копа Америка

 
 
 Уругваецот во тимот на Барселона, Луис Суарез кој зад себе има одлична сезона и награда за најдобар стрелец во Примера, синоќа во финалето од шпанскиот куп заработи повреда на тетивата и го стави под знак прашалник неговиот настап на првенството на Јужна Америка.
 
Суарез во 57.минута на дуелот со Севиља при еден обид да прими нафрлена топка незгодно доскокна и ја повреди тетивата на десната нога, иако на прв се доби впечаток дека ја повреди „задната ложа“.
 
Тој веднаш беше заменет, а повредата ја доживеа многу емоционално со солзи на очите додека го следеше дуелот од резервната клупа.
 
Наскоро ќе бидат направени медицински преглед и прецизно ќе се знае за карактерот и тежината на повредата на Уругваецот.
 
Неговата репрезентација треба да настапи на Копа Америка, првенство на Јужноамериканскиот континент кое почнува на 3 јуни и ќе трае до 26 јуни.
 
Уругвај е во Ц-групата заедно со  Мексико, Јамајка и Венецуела.