Балкан
16. November 2017 - 11:19

Стурнарас: Поради кризата, 427 илјади квалификувани Грци ја напуштиле земјата

Во периодот на економска криза во Грција, од 2008 до 2013 година година, 427 илјади квалификувани Грци ја напуштиле земјата.

Според  гувернерот на Грчката централна банка Јанис Стурнарас, заминувањето на квалификуваниот кадар од Грција е тешко да се прекине без трајно подобрување на економската клима.

На настан организиран од фондацијата „Фулбрајт“, гувернерот истакнал дека квалификуваните млади луѓе на возраст од 25 до 39 години ја напуштиле Грција во потрага по работа за подобра плата и перспектива. 

- Ова е генерација погодена од кризата, додаде Стурнарас.

Според него, младите образовани кадри можат да се вратат, имајќи го предвид поттикнувањето на иновативните центри во земјата, кои би можеле да ја привлечат оваа категорија.