Македонија
17. January 2016 - 18:08

Студот не попушта

Времето утре ќе биде променливо облачно, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Температурата ќе се движи од минус девет до еден степен.

Стабилното и студено време ќе продолжи и задутре, кога утринските температури на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени. Постепен пораст на дневните температури се очекува од среда.