Студија: Нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан би можела да однесе до 125 милиони животи за само неколку дена
Нуклеарна војна меѓу Индија и Пакистан би можела да однесе до 125 милиони животи за само неколку дена. Со тоа ќе се надмине бројката на жртви од Втората светска војна, се наведува во нова научна студија.
Научната студија беше објавена во научното списание Сајенс Адвансиз. Студијата предвидува голем број смртни случаи, затоа што во случај на таков конфликт, глобалните температури би можеле да паднат на нивоа споредливи со последното ледено доба.
– Таква војна не само што ќе ги загрози местата каде би се фрлале бомби, туку целиот свет, вели коавторот на студијата и професор на Универзитетот Руџерс, Алан Робок.
Секое детонирано нуклеарно оружје би можело да уништи дури 700.000 животи, според студиите за симулација на компјутер, додека експлозиите би можеле да испратат саѓи и остатоци во атмосферата со што би се предизвикала „нуклеарна зима“ што ќе доведе до брзо паѓање на температурите, уништување на земјоделските култури и на крајот до масовно гладување.
Тоа би била невидена војна во човештвото, изјави главниот автор на студијата, Брајан Тон, кој помогна во измислување на терминот „нуклеарна зима“ работејќи со тим истражувачи во осумдесеттите години на минатиот век.
Иако во Индија и Пакистан во моментов има околу 300 нуклеарни оружја, студијата вели дека бројот би можел да достигне 500 до 2025 година.
Тоа е година што истражувачите ја предвидоа, според компјутерски симулации, кога би можела да избувне нуклеарна војна.
Ново на Сител
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил