Македонија
24. November 2016 - 8:54

Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој

Студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја организираат четвртата студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој (СКЕЕОР).

На конференцијата, којашто ќе биде отворена денеска во амфитеатарот на ФЕИТ, ќе се обратат деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски, Мирјана Садиковиќ, претседател на СКЕЕОР и Маргарита Гиновска, координатор на Организацискиот одбор на СКЕЕОР. 

Ново на Сител