Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој
Свечено отворање на седмата студентска конференција на тема „Енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР“ ќе се одржи денеска на Факултетот за електрорехника и информациски технологии (ФЕИТ)
Како што информираат од организациски одбор, на годинашната СКЕЕОР 2019 се очекуваат околу 50 учесници од земјава, но и студенти од Колумбија, Португалија, Грција, Србија и Канада и шест пленарни предавачи. Целта на конференцијата е подигнување на свеста за потребата од енергетска ефикасност и одржлив развој, особено кај студентите. Конференцијата овозможува научно-истражувачка работа на глобално актуелни теми, размена на знаења и искуства со експерти и можности за идна соработка.
– Како дел од СКЕЕОР 2019 е предвидена и работилницата со главна тема „Скопје паметен град“. Работилницата ќе ја водат ментори од ФЕИТ и ментори од индустријата. Целта е преку прашања поставени од менторите да се поттикнат учесниците на конференцијата да размислуваат и да изнајдат решенија кои ќе бидат во согласност со главната тема, соопштија од организацискиот одбор на конференцијата.
Во СКЕОР 2019 ќе бидат вклучени и средношколците преку постер сесија на која ќе се презентираат постери поврзани со областите на конференцијата. Средношколците доаѓаат од средните училишта „Раде Јовчевски-Корчагин”, „Георги Димитров”, „Орце Николов”, „Јосип Броз-Тито” и „Никола Карев”.
Во агендата на овогодинешната конференција е предвидена и посета на музејот „Матка“ овозможена од Град Скопје.
На отворањето е најавено да се обратат претседателката на СКЕЕОР Мариела Клековска, координаторката на СКЕЕОР Маргарита Гиновска, продеканот за настава на ФЕИТ Соња Геговска-Зајкова и Иван Иванов од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација