Студентска филмска вечер во Велешкиот театар
Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес вечер ќе се одржи студентска филмска вечер. На програмата се десет кратки играни филмови изработени од студентите од филмската академија при Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип.
Љубителите на филмот ќе можат бесплатно да ги проследат филмовите: „Уште една шоља кафе“ на Ѓорѓи Лазов, „Инцидент“ на Сара Јазаџиска, „Вистинскиот момент“ на Александар Арсовски, „Среќниот ден на Лаки“ на Викторија Витанова, „Дете“ на Радован Петровиќ, „Болното место на Мара и Жарко“ на Александар Арсовски, „Брат и сестра“ на Тања Симоновска, „Ѕвонче“ на Димитар Јанкоски и „You’ll be a women soon“ на Ѓорѓи Лазов.
Во филмовите играат голем број актери и актерки меѓу кои: Ирена Илиевска, Жарко Спасовски, Јелена Јованова, Гораст Цветковиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Виктор Арев, Иван Дуковски, Весна Димитрова-Бобевски, Слободанка Чичевска, Миле Вретеовски, Владимир Тулиев, Зорица П. Панчиќ, Марија Баркова, Ѓорѓи Јолевски, Викторија Анѓушева, Атанас Тановски, Љубиша Гавровски и други.
Ново на Сител
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово
-
Лични документи можат да се подигнат и во среда
-
Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право
-
Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Токсикологија
-
Кочанчанец за една ноќ извршил шест кривични дела
-
Почина затвореник во „Идризово“