Македонија
21. February 2019 - 20:50

Студентите во првата генерација на Институтот за филм во незавидна состојба

Странските и домашните студенти на Филмската академија си заминаа од Охрид. Новата академска година во оваа јавна научна установа не започна и покрај големиот интерес , студентите од првата генерација, кои веќе ги одбранија своите магистерски тези, не можат да добијат диплома а интернационалните професори воопшто не се дојдени бидејќи нивниот статус не е регулиран.

Како што дознаваме од страна на министерството за образование формирана била  работна група на која било предложено владата да донесе решение за префрлање на студентите кои треба да ги довршат или продолжат студиите од Филмската академија во Охрид на Факултетот за драмски уметности во Скопје се со цел да се реши проблемот со студентите.

Oд министерството за образование за Сител велат дека ќе побараат  од Државниот просветен инспекторат да направи вонреден инспекциски надзор заради утврдување на целосниот статус на установата и трајно решавање на предизвикот. Додавајќи дека целосна слика за состојбите на Филмската академија во Охрид ќе се има доколку се ангажира независна ревизорска куќа која ќе изврши ревизија на досегашното и сегашното работење на оваа институција.

Дали ова значи дека се укинува Институтот за филм во Охрид останува времето да покаже.

Инаку институтот кој нудеше висококвалитетно образование почна да работи во соработка со Филмската академија од Прага а професорите од ова школа беа дел од предавачите на академијата во Охрид.